Microsoft веќе одамна се познати по користењето на тактики да ги насочат и задржат корисниците на нивните апликации. Една од повеќе познатите вакви „мерки“ беше отежнувањето да се избере друг прелистувач како главен во Windows 10, па подоцна и во Windows 11, а минатиот месец можевме да прочитаме и за анкета која од компанијата ја вметнуваат на страната за симнување на Chrome.

Сега од компанијата прават нешто слично кога корисниците ќе се обидат да го исклучат OneDrive во Windows 11. Исклучувањето на OneDrive веќе не е до толку едноставна работа, па копчето е „сокриено“ во делот за паузирање на синхронизирањето.

Кога корисниците ќе сакаат да ја исклучат апликацијата, стандардната картичка која се појавува сега содржи и прашање зошто корисниците го прават тоа, а изборот им е од неколку понудени одговори. Одговор мора да се избере за да се исклучи OneDrive.

Одговорите вклучуваат такви како „не сакам OneDrive да е вклучен цело време“, „не знам што е OneDrive“, па се до „добивам многу известувања“.

По изборот на еден од овие одговори, секако апликацијата се исклучува, но не без стандардните дополнителни чекори кои Microsoft мора да ги додаде во некои вакви ситуации.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаСо преку 30 говорници и 600 домашни и странски гости во вторник ќе се одржи најголемото 6. издание на Конференцијата за е-трговија
Следна статијаGoogle Chrome сега ја прикажува потрошувачката на меморија на секој „таб“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.