Word_UI_1992x1172

После долго време на чекање, Microsoft почна да претставува верзии од Office наменети за уредите со екрани на допир, меѓутоа на изненадување за сите, тоа прво почна да го прави на iPad. После верзијата за iPad, следеа верзиите за iPhone, па Android таблет компјутерите.

Корисниците на Windows се прашуваа дали ќе дочекаат да видат верзии од Office наменети за нивните уреди или додека дојде времето, тие веќе ќе почнат да користат некоја од другите конкурентски платформи.

За првпат можеа да се видат функционални верзии од Office за Windows, на Windows 10 настанот на кој што се одржа минатиот месец. Најавени беа дека ќе бидат достапни за Technical Preview корисниците во периодот што следи, па од оваа недела корисниците можат да ги симнат Word, Excel и PowerPoint, исто така во Preview верзија.

Како и на другите платформи, овие три апликации се наменети за уредите со екран на допир, меѓутоа на Windows можат слободно да се користат и со маус и тастатура. Дури може да се каже дека тие се одлична полесна алтернатива од целосните Office програми доколку не ви се потребни огромниот број на функции и можности.

За да ги симнете треба да ја користите најновата верзија од Windows 10 Technical Preview, а достапни се преку новата продавница за апликации која што е во бета верзија.

Трите апликации нудат можност за прегледување, менување и работа со документи, работа со повеќе учесници и слично.

Овие апликации се направени како универзални апликации, па треба да бидат достапни и на Windows 10 за мобилни Technical Preview кое што треба да биде достапно за корисниците овој месец.

Апликациите може да се симнат преку продавницата за апликации, односно преку следните линкови:

Word Preview за Windows 10

Excel Preview за Windows 10

PowerPoint за Windows 10

Претходна статијаOneBoard Pro+: Android тастатура со вграден компјутер
Следна статијаOlympus Air е професионален фотоапарат за вашиот смартфон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.