Новиот Outlook, како што го нарекуваат од Microsoft, веќе долго време е во развој, со крајна цел да ги замени и унифицира моментално двете достапни апликации од компанијата, односно Outlook и Mail and Calendar.

Оваа нова апликација доаѓа со освежен и доста подобар изглед, кодот е поедноставен и поради тоа функционира доста побрзо, а тука се и доста нови функции досега достапни само на веб верзијата на чија основа и е направена новата десктоп апликација.

Оваа апликација се’ уште е достапна во тест форма, односно корисниците треба да ја вклучат преку „преклопникот“ на десктоп апликациите, а исто така достапна е и посебна верзија во Microsoft Store која е повеќе погодна за тестирање.

Новиот Outlook добива нова можност која ќе ја направи апликацијата многу повеќе погодна за секојдневно користење. Се работи за поддршка за Gmail сметки, а досега можеа да се приклучат само Microsoft сметки. За во иднина се најавува поддршка и за Yahoo, iCloud сметки, како и IMAP сметки од трети страни.

Новата апликација поддршката за Gmail ја прави подобро од моментално официјалната верзија. Поточно, поврзувањето со Gmail, покрај добивањето на имејл пораките, овозможува и синхронизација со Google Calendar и Contacts, па може да се каже дека без оваа поддршка и не вреди целосно интеграцијата.

Microsoft истакна дека новиот Outlook добива и подобрувања како што се Microsoft Editor, можност за испраќање на анкети, одложување на испраќањето на пораките за 10 секунди, можност за приклучување на Skype и Teams конференции директно од апликацијата, следење на пратки и повеќе.

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статијаMessenger доби можност за играње на игри со пријателите за време на видео повик
Следна статијаSamsung Free се ребрендира во Samsung News со поголем акцент на прикажување новости
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.