Microsoft во март оваа година го најави редизајнот на нивната Teams апликација со најава дека новата апликација работи до два пати побрзо, а има потреба од 50% помалку ресурси.

Кога на ова ќе се додаде и освежениот дизајн, направен по Fluent дизајн правилата, новата Microsoft Teams е добредојдена за сите активни корисници, а може да привлече и нови.

Новата апликација беше достапна за тестирање од март навака, а сега е официјално достапна за сите корисници. За разлика од тест периодот, апликацијата сега е достапна и за корисниците на Mac.

Од компанијата истакнуваат дека сите функции се сега достапни во новата апликација, а во иднина само оваа верзија ќе добива нови функции, што значи сите корисниците треба да ја инсталираат.

Причината за подобрата работа на апликацијата е во промената на кодот, односно Microsoft веќе не го користи Electron, па апликацијата сега е целосно направена на основа на Edge WebView2 технологијата, а посебно се истакнува React.

Сите новини кои се дел од Microsoft Teams можете да ги погледнете во статијата која од компанијата ја објавија за најава на достапноста на новата апликација.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНов циклус на Smart Start, студентска програма за професионален развој во Телеком
Следна статијаSamsung нуди интуитивно, персонализирано и безбедно искуство за програмери на собирот SDC23
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.