Новиот Bing, односно пребарувачот од Microsoft кој сега работи со помош од вештачка интелигенција, станува достапен и преку мобилните телефони. Во првите две недели од пуштањето, корисниците кои добија пристап можеа да го користат само преку десктоп и тоа преку Edge.

На мобилните Bing доаѓа со истите можности како на десктоп, а ќе може да го користат корисниците кои веќе добија пристап до новата функција на десктоп. Двете платформи се дел од оваа најава, односно корисниците на Android и iOS.

Новиот Bing на мобилните ќе може да се користи, за почеток барем, преку три апликации. Првата апликација е мобилната апликација Bing, која сега има додатно копче за да се дојде до новите можности од пребарувачот.

Втората апликација која ќе може да се користи за пристап до вештачката интелигенција е Edge прелистувачот, а за овие две апликации корисникот ќе треба да е најавен со неговата Microsoft сметка, секако и да го има пристапот на десктоп.

Тоа што е до некаде мало изненадување е третата апликација која ќе добие интеграција со Bing, а тоа е Skype. Во оваа апликација Bing ќе може да се користи за разговор, а ќе биде достапен како било кој друг контакт. Корисниците ќе можат да разговараат посебно или да го додадат Bing во друг разговор, правејќи го групен разговор.

Во Skype корисноста на Bing може да се види во можноста да се постави некое прашање директно кон пребарувачот, по што тој во самиот разговор ќе даде одговор, заедно со потребните линкови ако треба да се провери точноста.

Microsoft интеграцијата на новиот Bing, односно вештачката интелигенција, ја најавува за скоро сите нивни производи, па наскоро ќе можеме да ја видиме кај Word, Windows 11 и повеќе.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаiPhone 15 серијата можно е да донесе зголемување на RAM меморијата
Следна статијаНе ја одложувајте инсталацијата на најновите верзии од iOS и macOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.