Новиот Bing стана дел од Microsoft Edge, како што беше најавено уште од почетокот, но во тест верзиите од прелистувачот. Со најновата стабилна верзија, поточно верзијата 111, Bing официјално им е достапен на сите корисници.

Достапноста на Bing веднаш се забележува при отворањето на Edge, односно достапно е ново копче во горниот десен дел во форма на логото на Bing. Со притискање на ова копче, се отвора посебна лента на десната страна, од каде што се пристапува до новите функции од Bing.

Достапноста на Bing донесува функции кои што се очекувани, односно се достапни преку пребарувачот. Корисниците можат да започнат разговор, исто како преку Bing страната, а може и да побараат креирање на текст, сумирање на текст, исправка на текст и слично.

Посебно е корисна можноста да се отвори профилот на LinkedIn, на пример, па Bing да предложи подобрување на биографијата.

Минатата недела можевме да прочитаме дека Microsoft тестира пуштање на новиот Bing за сите корисници, па по пријавувањето, пристапот се добива веднаш, односно не се чека како претходно.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНовите линии на Samsung Neo QLED и OLED телевизори од сега се достапни за преднарачка со неверојатни подароци
Следна статијаGoogle Contacts апликацијата стана одлично место за следење на родендените на пријателите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.