Microsoft оваа година пушти нова Media Player апликација која ги унифицира дотогаш достапните две апликации, една за музика и една за видео содржина. Ова секако има повеќе логика, а така функционираа работите порано со познатата Windows Media Player апликација.

Оваа нова апликација во основа ја заменува Groove Music апликацијата и ја прави повеќе универзална апликација преку која може да се слуша музика и да се гледаат видеа.

Новата Media Player е одлична апликација за корисниците кои обично ја симнуваат VLC, на пример, но немаат потреба од сите достапни функции на истата.

Оваа апликација не може да се користи за гледање на онлајн видеа, односно не е апликација преку која може да се гледаат стриминг сервиси, нешто што сепак е број 1 начин во денешно време за гледање на содржина.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаApple од идната година треба да дозволи инсталирање на апликации надвор од App Store во ЕУ
Следна статијаTwitter го суспендира профилот кој го следеше приватниот авион на Елон Маск
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.