nokia-here-maps

Nokia Here Maps е апликација за разгледување на мапи од светот и е конкуренција, а и замена, на познатата Google Maps апликација на Windows Phone платформата. Истата нуди можност за симнување на мапите на вашиот телефон и нивно користење подоцна без потреба од интернет конекција. Мапите се симнуваат посебно за секоја земја. До сега доколку некоја од мапите што ги користите имаа нови верзии и со тоа треба да бидат ажурирани, моравте повторно да ја симнете целата мапа. Тоа не е некој проблем за Македонија, каде што мапата е неколку мегабајти, меѓутоа за земји каде што мапите се и по неколку гигабајти тоа може да претставува проблем. Не сите користат неограничен интернет, но и големината на фајлот значи дека процесот на симнување на новата верзија ќе трае подолго. Со новиот начин на ажурирање на симнатите мапи, веќе нема да мора да ја симнете целата мапа повторно. Се симнува само делот од мапата што има нови информации и податоци, па големината на фајлот ќе биде многу помала. На пример, ако мапата е 1,5 гигабајти, меѓутоа новата верзија има нови податоци кои се само 50 мегабајти, ќе биде симнат фајл од само 50 мегабајти, а непроменетите делови од мапата ќе си останат исти.

Овој начин на ажурирање на мапите ќе биде достапен за сите Windows Phone 8 телефони на кои е инсталирана најновата верзија од оперативниот систем (GDR2).

Претходна статијаParallels Desktop 9 – користете Windows на Mac компјутер
Следна статијаКој е гласот позади Siri ?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.