Кога Netflix влезе на пазарот на игри, стана јасно дека иднината на овие игри ќе мора да биде и на телевизорите, затоа што моменталната понуда од мобилни игри, не може да се каже дека нуди којзнае колку различно искуство, од апликациите кои се достапни преку продавниците.

Веќе можевме да прочитаме дека од компанијата планираат да ги овозможат игрите преку сите уреди каде е достапна Netflix апликацијата, како и тоа дека во иднина овие игри ќе се стримуваат, наместо да се инсталираат како сега.

Првиот посериозен знак дека се ближи пуштањето на игрите на телевизорите го видовме во март оваа година, кога во код од апликацијата на iOS беше откриен овој план.

Сега од компанијата официјално ја пуштија својата апликација Netflix Game Controller, достапна на iOS, па станува јасно дека гласините за пуштањето на игрите преку телевизорите се точни.

Во самото објаснување од апликацијата стои дека игрите ќе станат достапни наскоро, а во самата апликација се истакнува дека можноста е во бета верзија.

Апликацијата моментално не може да се користи за ништо, но кога игрите ќе бидат пуштени на телевизорите, истата ќе може да се користи како контролер за играње.

Од сликата која ја прикажува апликацијата се гледа едноставен контролер, кој на левата страна има копче за движење, а од десната неколку копчиња карактеристични за ваквите контролери.

Играњето на игрите на овој начин ќе биде навистина поинтересно, па за корисниците кои сепак не се баш „гејмери“, овие игри би биле одлична забава.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаYouTube нема да прикажува листа со видеа на почетната страна за корисниците кои ја имаат исклучено историјата на гледање
Следна статијаGoogle Chrome ќе почне да добива безбедносни надградби секоја недела
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.