Netflix, кои оваа недела го назначија Арнолд Шварценегер за главен акционен директор, направија мала промена во „My List“ делот која ќе направи голема разлика за корисноста на овој дел од апликацијата.
Оваа листа на зачувани филмови и серии сега ќе може да се уредува според неколку филтри, па корисниците ќе можат полесно да ја најдат содржината која ја зачувале за гледање подоцна, а и да ја издвојат таа која веќе е гледана.
Достапни ќе бидат филтрите за поделба на содржината според незапочната, започната, време на додавање, време на издавање и алфабетски, како и според тоа дали се работи за филм или серија.
Сега листата ја подредува содржината според еден филтер кој не може да се избере, па тешко е да се најде што за гледање, прелистувајќи ја оваа листа.
Новата функција од оваа недела ќе им стане достапна на корисниците на Android, по што за неколку недели може да се очекува и на iOS.
Дополнително, Netflix апликацијата на телевизорите ќе добие нов ред на главниот екран на кого ќе биде прикажана содржината која наскоро ќе стане достапна. Оваа листа веќе може да се види преку телевизорите, но нејзиното поставување на главниот екран дефинитивно ќе помогне во откривањето на нова содржина.
Огромниот избор на содржина на ваквите сервиси на крајот се сведува на нејзин избор, нешто што не е баш лесно, за разлика од порано кога имало многу помал избор за гледање на телевизија.