Instagram сеуште нема издадено официјална апликација за Windows Phone платформата, иако веќе подолг период се очекува и најавува. Покрај тоа што корисниците на оваа платформа не може да користат официјална апликација направена од Instagram, не значи дека воопшто не може да го користат овој популарен сервис. Во продавницата за апликации може да се најдат повеќе неофицијални апликации, а некои од нив добија доста голема популарност. Нема да ви ги претставиме сите, тука само 2 од нив кои сметаме дека најдобро ја вршат работата на замена на официјалната апликација.

Instance

Оваа апликација постои веќе подолг период и порано се викаше Itsdagram, но мораше да го смени имате поради проблеми со Instagram. Доаѓа во бесплатна и платена верзија, со тоа што и двете верзии ги имаат истите функционалности, со тоа што бесплатната верзија има реклами. Instance е целосен Instagram клиент со следните функционалности:

  • Регистрирање на нов профил
  • Менаџирање на постоечки профил
  • Прикачување на слики директно на Instagram
  • Коментирање, допаѓање и следење на слики и пријатели
  • Пронаоѓање на пријатели од Facebook
  • Нотификации

Апликацијата редовно е ажурирана, со што се воведуваат нови, а се поправат старите функционалности. Исто така во изработка е нова верзија, која моментално е во бета тест фаза, која ќе има целосно нов кориснички интерфејс и нови функционалности.

Instance

 

6tag

Ова е уште една апликација што го има сменето имате, во случајот од 6tagram. Истата е 100% во согласност со API-то на инстаграм. Како и претходната апликација доаѓа во бесплатна и платена верзија, каде што единствена разлика се рекламите. Функции што ги има оваа апликација се:

  • 100% оригинални филтри за слики: XPro-II, Earlybird, Rise, Amaro, Hudson, Lo-fi, Sutro, Toaster, Brannan, Inkwell, Walden, Hefe, Nashville, 1977 и други
  • Снимање на видео со отсечени сцени
  • Споделување на Facebook, Twitter, Flickr, Tumblr и Foursquare
  • Неограничено прикачување на слики
  • Географско означување на сликите
  • Допаѓање на слики и коментирање
  • Поддршка за задната и предната камера

Двете апликации одлично ја вршат работата на замена на официјалната апликација од Instagram. Која и да ја користите ќе бидете задоволни, па изборот може да го направите можеби според дизајнот што ви се допаѓа повеќе.

Апликациите се достапни само за Windows Phone 8 платформата и можете да ги симнете на од продавницата за апликации или на следните линкови:

Instace – http://www.windowsphone.com/en-us/store/app/instance/ef18d20f-0ce9-426c-ad6a-04f42157bb19

6tag – http://www.windowsphone.com/en-us/store/app/6tag/7d795cdf-fb1b-4bdf-8f5e-76eb19f7079e

Претходна статијаFacebook за Windows Phone
Следна статијаSamsung ќе претстави мобилен со заоблен екран во Октомври
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.