Shutterstock.com

Telegram е една од најпознатите апликации за разговори во светот, а тоа посебно доаѓа до израз во ситуации кога е потребна тајна комуникација. Покрај ова, сите што ја имаат пробано апликацијата имаат забележано брзината со која истата работи, нешто што скоро и не се споредува со ниту една од конкурентните.

Според засега неофицијални информации, Telegram можно е да добие претплата со која корисниците би добиле нешто повеќе функции од сега достапните.

Telegram Premium би било името на посебната претплата, а корисниците кои ја плаќаат би имале пристап од повеќе „стикери“ и „реакции“ за разговорите.

Можеби за некои доплатата за добивање на стикери и реакции не е нешто привлечно, но сепак од компанијата мора од нешто да заработат за да продолжат со функционирање, а ваков модел е доста подобар од моделот на реклами кој е доста критикуван изминатите години, посебно кога е во прашање приватноста на корисниците.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаThunderbird ќе добие мобилна апликација наскоро
Следна статијаПрвата троцифрена верзија од Mozilla Firefox доаѓа со повеќе новини
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.