Официјалната апликација на Twitter за Windows Phone денеска доби надградба на верзија 3.0. Промената на главната бројка од верзијата значи дека не се работи само за подобрување на перформансите на апликацијата, па истата има нови функционалности. Што е ново во оваа верзија на Twitter апликацијата?

  • Изберете од кои кориснички сметки сакате да добивате нотификации
  • Нова темна позадина, покрај веќе постоечката светла
  • Закачете ги (Pin) вашите пребарувања по клучен збор на вашиот Home Screen
  • Подобрување на работата на Пребарај и Откриј (Search and Discover)
  • Избор од 13 јазици на кои што твитовите можат да бидат преведени
  • Користете ја Twitter апликацијата како ваш Lock Screen

Последната можност во новата верзија е доста интересна и корисна. Ако ја изберете Twitter апликацијата како ваша Lock screen позадина, ќе добивате нови твитови заедно со слика на вашиот Lock Screen.

Доколку не сте запознаени со оваа можност на Windows Phone, ова е опција на оперативниот систем која нуди можност покрај користењето на слика како позадина, да изберете одредена алпикација која е направена со поддршка за Lock Screen. Ова ви нуди можност да изберете на пример, апликација за временска прогноза и истата да ја гледате веднаш со притискање на копчето за отклучување на екранот. Новата верзија на Twitter при првото стартување ве прашува дали сакате да ја користите апликацијата како ваша позадина, па може веднаш да ја наместите. Доколку не сте ја избрале, следете го краткото упатство во продолжение кое можете да го примените за било која друга апликација.

За избор на апликација за Lock screen кликнете на Settings иконата, па на Lock screen. Во Drop down менито изберете ја апликацијата што сакате да ја користите како ваша “позадина“. Одредени апликации ќе бараат дополнителни прилагодувања во самата апликација, меѓутоа тоа не е случајот со Twitter. Само изберете ја и веќе е спремна за користење.

wp_settings_lock_screen

Претходна статијаYouTube апликацијата на Microsoft за Windows Phone повторно само линк до мобилната верзија
Следна статијаFox News го претстави своето ново студио со огромни екрани наместо работни маси
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.