Фото: Shutterstock.com

Во јуни оваа година можевме да прочитаме дека Internet Explorer конечно заминува во историјата. Заврши поддршката за прелистувачот и истиот беше тргнат од компјутерите преку посебна надградба.

Сепак, IE остана достапен за одредени уреди, односно за уредите кои продолжија да плаќаат за продолжена поддршка за Windows 7 и Windows 8/8.1. Со оглед на тоа што поддршката за овие системи завршува на 10 јануари идната година, јасно е дека веќе нема каде да постои дури и мал дел од овој доста стар прелистувач.

Причината поради која Internet Explorer се’ уште постои е што одредени компании имаат апликации кои се направени да функционираат на овој прелистувач, па голем дел од нив не сакаат да направат нови верзии од нив.

За нив е тука Internet Explorer режимот кој може да се вклучи во Microsoft Edge и апликациите и страните кои функционирале само на IE, сега ќе можат да работат и преку овој нов прелистувач од компанијата.

Од Microsoft истакнуваат дека тргањето на Internet Explorer од останатите уреди ќе биде направено преку надградба на Microsoft Edge, а не преку посебна надградба на системите, како што беше првично најавено.

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статијаGoogle ќе помогне при читањето на лошиот ракопис на докторите во рецептите
Следна статијаПретставувањето на OnePlus 11 закажано за 7 февруари идната година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.