Mozilla го пушти својот сервис за сокривање на имејл адресата од корисникот, Firefox Relay, пред две години. Начинот на којшто функционира Firefox Relay е доста едноставен. Корисниците користат друга имејл адреса, наместо нивната, кога се регистрираат на разни сервиси и со тоа нема потреба да ја внесат својата вистинска адреса. Другата имејл адреса е случајно генерирана од страна на Firefox Relay, а зависно од тоа дали се користи платена верзија од сервисот, достапни се 5 или неограничен број на адреси.

Овој сервис од организацијата најавија дека ќе стане интегриран во самиот Firefox прелистувач, па корисниците нема веќе да мора да инсталираат додаток за да го користат. Секако, тие што не сакаат да им се „додева“ при секоја регистрација, можат да го исклучат сервисот.

Со оглед на тоа што не прави голема разлика дали се користи сервисот преку додаток или не, овој потег од Mozilla сигурно е насочен кон мотивирање повеќе корисници да го користат Firefox Relay. Доста корисници не го знаат сервисот, а доколку е вграден во Firefox полесно е да дознаат за него.

Од компанијата истакнуваат дека со тек на време сакаат сервисот да го направат достапен за што повеќе веб страни, како и за сите корисници подоцна во годината.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Mozilla
Претходна статијаНеофицијални слики од Sony WF-1000XM5 слушалките ни покажуваат промена на дизајнот и формата
Следна статијаНапредок во развојот на технологијата постигнат од научници од Јужна Кореа може да донесе поевтини OLED екрани за телефоните, телевизорите и другите уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.