Фото: Shutterstock.com

Со iOS 17.4, надградба која ќе биде пуштена идниот месец, Apple ќе воведе неколку промени кои одбива да ги воведе со години, но сега мораат поради новите закони во Европската Унија. Една од тие промени е овозможување апликациите да користат различна технологија за прелистувачи од WebKit на Apple на која работи Safari.

Тоа практично значи дека Firefox, Chrome и другите ќе можат да почнат да ги користат сопствените технологии во нивните iPhone апликации, нешто што одамна се бара, а Apple доби доста критики зошто тоа не го дозволува.

Иако беше јасно дека ова е изнудена промена од страна на ЕУ и од Apple мораат да ја почитуваат само во Европа, Mozilla и Google сега не се задоволни зошто промената нема да биде пуштена во целиот свет.

Нивните аргументи имаат логика, но очекувано беше дека Apple нема да реагираат добро на принудата од страна на бирократијата да им кажува како тие треба да го водат нивниот бизнис.

Според Mozilla и Google, воведувањето на оваа промена само во ЕУ ќе значи потреба од развивање на две различни верзии од апликациите, нешто што бара повеќе ресурси, а такво нешто може да е проблем за Mozilla.

Со ова се поставува прашањето дали тие воопшто ќе понудат различна верзија во ЕУ или едноставно ќе продолжат да ги развиваат сегашните верзии кои ја користат технологијата од Apple.

Останува да видиме уште од идниот месец како ќе реагираат од ЕУ на промените кои ги имаат направено Apple, но мали се шансите дека тие ќе имаат начин да ги натераат од компанијата да воведат нешто надвор од Европа.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаWindows ќе добие сопствена Sudo команда како што ја има на Linux и macOS
Следна статијаФил Шилер од Apple за потенцијалните проблеми кои ќе се појават со продавниците за апликации од трети страни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.