Mozilla објави истражување преку кое се обидува да покаже каква е состојбата со интернет прелистувачите на пазарот, а со тоа и отвореноста на интернетот, развојот на интернет технологиите, но на крај и на слабата популарност на нивниот Firefox.

„Five Walled Gardens“ е името на истражувањето преку кое од организацијата ги истакнуваат алатките со кои се служат компаниите како Microsoft, Google, Apple и Amazon за справувањето со конкуренцијата и промовирањето на нивните интернет прелистувачи.

„Ние веруваме дека ако луѓето имаа значајна можност да пробаат алтернативни прелистувачи, тие би откриле дека многу од нив се привлечни замени за стандардните кои доаѓаат со нивните оперативни системи. Овие можности се потиснати со години преку архитектура на избор на интернет и комерцијални практики кои им користат на платформите и не се во најдобар интерес на потрошувачите, програмерите или отворениот интернет.“ – заклучуваат од Mozilla.

Тоа што од Mozilla го истакнуваат е дека другите компании на пазарот кои имаат интернет прелистувачи, имаат и оперативни системи во кои ги инсталираат прелистувачите заедно со системот, а на корисниците не им го поедноставуваат процесот на инсталација на друг.

Microsoft го има Edge кој доаѓа инсталиран со Windows и корисниците едно време не можеа лесно да стават друг прелистувач како главен. Apple го имаат Safari кој е инсталиран на macOS и iOS, а Google го имаат Chrome кој доаѓа на Android и Chrome OS.

Ваквата ситуација, која им е позната на сите одамна и е очигледна, од Mozilla ја надополнуваат и со статистика која покажува дека корисниците иако знаат како да инсталираат друг интернет прелистувач, доста од нив тоа не го прават. Оваа практика е повеќе изразена кај мобилните телефони.

Треба да се земе во предвид дека иако тврдењата на Mozilla дека практиките од големите компании кои ги истакнуваат, имаат влијание на пазарот на интернет прелистувачи, сепак тие кои ја следат оваа организација знаат дека одговорноста за падот на популарноста на Firefox не може да се пренесе само на тоа.

Падот може слободно да се каже дека почна кога во организацијата почнаа да се појавуваат „афери“ обично покренати од, кратко кажано „woke“ движењето во САД, поради што дојде до промени во директорските позиции и вработените. Познато е дека кога компанија ќе почне повеќе да се занимава со одредени „општествени вредности“, наместо со својот производ, бизнисот почнува да трпи.

Практиките на другите компании само го засилија веќе почнатиот пад на Mozilla Firefox, но тоа не значи дека не треба да се земат сериозно дел од резултатите од истражувањето на оваа организација.

Целото истражување од Mozilla е достапно тука.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Mozilla
Претходна статија„Макпетрол“ најуспешен на младинскиот карате куп на Македонија
Следна статијаССК и Стопанска комора на Хрватска потпишаа Меморандум за соработка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.