moj-vozduh-f

Мој Воздух е сосема нова македонска апликација инспирирана од лошиот воздух за кој веќе долго време се зборува и веќе преовладува во неколку градови низ нашата земја. Ние луѓето навистина немаме претстава за тоа каков воздух дишеме, па тоа многу лесно можеме  да го дознаеме со помош на оваа апликација.

Мој Воздух функционира на многу еднотавен начин така што ги презема сите податоци од мерните станици кои се поставени во градовите низ нашата земја, што значи нивниот приказ или пренос во самиот интерфејс на апликацијата се целосно во живо. Моментално, градовите за кои можат да се прикажат податоци за загаденоста на воздухот се Скопје, Битола, Кичево, Тетово, Велес, Кочани, Кавадарци и Куманово.

moj-vozduh-sceens

Нивото на загаденоста на воздухот може да биде прикажано според 6 типа на загадувања вклучувајќи PM 10, NO2, CO, O3 и SO2 за кои се достапни општи објаснувања или информации околу причините за загаденоста кои секогаш се достапни на почетниот екран. Тоа ниво може подетално да се анализира со помош на графичкиот приказ на податоци кои важат за последните 24 часа или 20 дена.

Покрај целиот овој приказ на податоците, најинтересен дел е тоа што апликацијата сака да им ја крене свеста на луѓето односно да ги посоветува за тоа како да се намали загадувањето на воздухот преку начини кои веќе некои луѓе започнаа да ги практикуваат.

Мој Воздух апликацијата моментално е достапна само за Android уредите. Преземете ја директно од Google Play.

Претходна статијаОткријте ги новите апликации со помош на App Info+
Следна статијаАстероидот 2004 BL86 безбедно помина покрај Земјата, снимките покажуваат дека тој има своја мала месечина