Microsoft Word од идниот месец ќе добие функција која веќе одамна е стандардна на мобилните телефони, а тоа е предвидување на текстот. Со тоа корисниците ќе добијат можност за побрзо пишување, а и намалување на грешките, како што истакнуваат од Microsoft.

Предвидувањето на текстот, односно text predictions функцијата, моментално им е достапна на ограничен број на корисници како тест, а се очекува да почне да станува стандардно достапна за сите од идниот месец.

Сепак, за жал, оваа функција ќе биде достапна само за пишување на текстот на англиски, а нема најави кога може да се очекува за повеќе јазици. Од софтверските тастатури на мобилните, кои одамна веќе имаат предвидување на текстот на повеќе јазици, знаеме дека истото може да биде пуштено и на Word, па јасно е дека ова е само прашање на време.

Предвидувањето се прави со помош на машинско учење, што значи дека до текстот пристап има само системот на Microsoft, а корисници имаат и можност да ја исклучат функцијата доколку не сакаат да ја користат.

Ова е одличен додаток за Word кој во периодот што следи се очекува да добие и подобрување на темната тема на целата апликација, односно и делот на кој се пишува, кој сега останува бел дури и кога е вклучена темната тема.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаSamsung најави најмалку четири години на безбедносни надградби за своите Galaxy уреди
Следна статијаFitify и Mood Messenger се меѓу првите апликации создадени од независни европски развивачи за паметниот часовник Huawei Watch GT 2 Pro
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.