Фото: Shutterstock.com

Microsoft планира да ги „сруши јазичните бариери“ со нова апликација која е специјално наменета за бизнис корисниците. Се работи за Pro верзија од веќе достапната Microsoft Translator апликација, достапна за почеток во тест форма и само за корисниците на iOS. 

Microsoft Translator Pro овозможува превод и транскрипција во вистинско време од еден уред, а за одредени јазици преводот може да функционира и без интернет врска, локално на уредот. 

Оваа апликација може да се погоди како доста корисна во ситуации како состаноци, работа со клиенти, а во видеото кое е достапно на страната од компанијата може да се види како Microsoft Translator Pro помага за услужување на клиент во хотел кој говори кинески. 

Една од главните карактеристики на Translator Pro, а и разлика од бесплатната верзија, е приватноста и заштитата на податоците, нешто што е клучно за бизнис корисниците. 

Логично од компанијата заклучуваат дека бизнис корисниците не би сакале да прават одредени разговори преку апликација која е масовно достапна, па затоа Translator Pro целата контрола ја става кај администраторите, а Microsoft, како и други страни, немаат пристап до податоците. 

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаМелодијата на Европа: Звукот на мрежата на Дојче Телеком
Следна статијаНајтенкиот iPhone досега се верува дека ќе дојде со дебелина од само 5 милиметри
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.