Преку тест верзијата од Microsoft Edge, поточно „canary“ верзијата, Microsoft тестира нова функција која треба да го подобри изгледот на видеата со лоша, односно слаба резолуција.

Според компанијата, едно од три видеа кои се гледаат преку Edge се со резолуција од 480p или пониска. Продолжуваат да ги истакнуваат причините за ова, но на крајот не е ни важно.

Новата Video Super Resolution функција треба да го реши овој проблем, па ваквите видеа да ги подобри до ниво кое ќе овозможи доста подобро корисничко искуство при гледањето.

Очекувано, подобрувањето се прави со помош на вештачката интелигенција, а поради тоа корисниците треба да имаат и нешто подобар хардвер, па нема да може да се користи со било која графичка картичка.

Графичките картички кои корисникот ќе треба да ги има за да може да ја користи VSS функцијата ги вклучува RTX 20, 30 и 40 сериите од Nvidia, како и RX5700-RX7800 од AMD.

Покрај потребата од одредени графички картички, нешто за што од Microsoft работат да функционира на повеќе видови на картички, корисниците ќе треба да го имаат вклучено уредот во струја, видеото да има најмногу 720p резолуција, да не е помало од 192 на 192 пиксели, како и да не е со заштитени права, односно да не е DRM видео.

Засега VSS се тестира во „canary“ верзиите од Edge, па ќе видиме дали и кога ќе дојде на бета, па на крај и на стабилната верзија од прелистувачот.

Иако во денешно време најголемиот дел од новата видео содржина е со одлична резолуција, сепак има ситуации кога одредени видеа не се баш „во тек со времето“.

Слична најава имаше и од алтернативниот прелистувач Opera, па може да се заклучи дека „проблемот“ со лоши видеа е доволно чест за да компаниите се обидуваат да го привлечат вниманието на корисниците со додавање на вакви функции.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаApple наводно повторно ги враќа плановите за претставување на iPhone SE 4
Следна статијаСкопскиот аеродром ја доби наградата за квалитет на аеродромски услуги за 2022 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.