msftteams1-0-copy

Денес, скоро сите бизниси го користат Slack како алатка за колаборација меѓу вработените, но наскоро тоа би можело да се смени. Microsoft ја лансираше новата Teams алатка, која има скоро исти можности како Slack, но има многу подобра интеграција со останатите сервиси на Microsoft, како Office и Skype.

Microsoft Teams вклучува чет, закажување на состаноци, впишување забелешки, планирања и многу други алатки кои ќе ја олеснат комуникацијата меѓу вработените во една компанија. Софтверот ќе се испорачува со Office 365 и е уште отсега достапен за сите корисници на клауд сервисот на Microsoft.

screenshot__5_-0-copy

Предноста на Teams во однос на Slack е што софтверот на Microsoft има целосна интеграција на Office програмите, како Word, Excel, OneNote и PowerPoint, а понатаму ќе има интеграција и со социјалните мрежи, како на пример Twitter. Секако, Teams е тесно интегриран со Skype Bussiness и преку него овозможува и конференциски повици. Microsoft најави и интеграција со останатите клауд платформи, како Dropbox и Google Drive, кои ќе може да функционираат во посебни табови.

Teams можат да го активираат сите корисници кои имаат Office 365 директно во поставките на Admin Center. Microsoft веќе има 85 милиони вакви корисници, што може да биде сериозен удар кон главниот конкурент Slack, односно да овозможи одличен прв настап на пазарот на Teams. Апликацијата инаку е достапна за Windows, Mac OS, iOS и Android, како и директно онлајн.

screenshot__11_-0-copy

Всушност, очекувам многу од компаниите кои досега немаат користено чет клиент за колаборација да почнат токму со Microsoft Teams, бидејќи е лесно достапен.

Извор: The Verge, Venture Beat, Microsoft Teams

Претходна статијаDell најави свој “Surface Studio” десктоп со два дисплеи
Следна статијаПовеќето корисници го користат Facebook преку мобилните

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.