Microsoft продолжува да дава огромно значење на новиот Bing и да го интегрира, односно вештачката интелигенција во сите нивни сервиси. Ова можеби донесува добри функции кај некои сервиси, но сепак се чини дека од компанијата малку претеруваат и за некои корисници ова може да предизвика контра ефект.

На почетокот од месецот Microsoft најави неколку новини за Bing, како што се повеќе сликовити одговори на прашањата, графикони, видеа, историја на пребарувањата и слично. Покрај ова, новиот Bing беше пуштен за сите корисници без потреба од запишување на листа на чекање.

Овие новини сега почнуваат да им стануваат достапни на корисниците, а од компанијата најавија нова тура на новини, овој пат повеќе насочени кон мобилните.

Bing апликацијата добива нов виџет на Android и iOS на кого е поставено копче за разговор со Bing. Преку ова копче може директно да се отвори овој дел од апликацијата, а тука е и копчето за започнување со гласовен разговор.

Доста корисна е новината која овозможува продолжување на разговорот со Bing од компјутер на мобилен и обратно. Microsoft дава добар пример со поставување на прашање за рецепт за салата, па кога во продавница една од состојките не е достапна, разговорот може да се продолжи преку мобилниот и да се побара алтернативна состојка.

SwiftKey апликацијата, која веќе доби Bing копче, сега добива уште повеќе функции од вештачката интелигенција. Корисниците ќе можат да ја користат функцијата за креирање на содржина, заедно со можноста за избор на стилот, форматот и должината.

Microsoft Edge на мобилните исто така добива интеграција со Bing, слично како што тоа веќе е случајот со десктоп верзијата. Ново копче ќе биде додадено на лентата од прелистувачот, па со негово притискање ќе може да се сумира текстот од страната која е отворена, на пример, да се започне разговор со Bing, да се селектира текст и да се добијат повеќе информации и слично.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаWeekend.16 ги носи најактуелните теми и нов фестивал посветен на управувањето со човечки ресурси – HR.Weekend
Следна статијаApple претстави неколку нови функции за лицата со попреченост кои ќе станат достапни со iOS 17
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.