Microsoft оваа недела претстави нешто што може лесно да се помеша во изгледот со Facebook. Microsoft Viva Engage е друштвена мрежа намената за бизнис корисниците, односно за бизнис пакетите од Microsoft 365.

Ова не е нешто ново во понудата од компанијата, а тие досега ја имаа бизнис друштвената мрежа Yammer. Viva Engage може слободно да се нарече модерна верзија која на компаниите ќе им овозможи повеќе функции за комуникација внатре во организацијата.

Од Microsoft, Viva Engage ја нарекуваат место каде што лидерите ќе можат да објавуваат новости и стратегии, да ја градат културата во компанијата, да разговараат со вработените и слично.

Вработените од друга страна, со Viva Engage ќе можат да креираат заедници и професионални мрежи, да споделуваат мислења за работата, да наоѓаат одговори на нивните прашања и повеќе.

Како и секоја друштвена мрежа, корисниците на Viva Engage ќе можат да коментираат, да лајкуваат, да оставаат реакции, а уште „поважно“, ќе можат да објавуваат Stories.

Посебно интересно, а прашање колку потребно, Stories ќе може да се гледаат и преку Microsoft Teams, а преку оваа апликација ќе може да се гледа и Viva Engage преку веќе достапниот Communities дел.

Microsoft со ова ги прави нивните сервиси, вклучувајќи го и познатиот Teams, место каде компаниите ќе можат да имаат повеќе интеракција, а не само кога е потребно да се има состанок. Според нив, ова е нешто што го бараат компаниите и сметаат дека е многу подобро кога имаат поблиски односи со вработените.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаSamsung официјално го закажа нивниот летен Galaxy Unpacked за 10 август
Следна статијаПоевтината претплата на Netflix нема да ја има целата содржина од сервисот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.