Фото: Shutterstock.com

Microsoft повторно го менува името на нивниот најпознат пакет на апликации, пакет кој започна со името Microsoft Office. Низ годините пакетот беше преименувам во Office 365, па потоа во Microsoft 365. 

Сега од компанијата повторно го менуваат името, па на него се додава Copilot, односно пакетот ќе се вика Microsoft 365 Copilot. 

Ова доаѓа по најавата дека Copilot станува достапен и за приватните корисници на Microsoft 365, односно Personal и Family претплатите. Доколку сте активен корисник на Word или Excel, сигурно ја имате забележано најавата и додавањето на Copilot копчето во овие апликации. 

Промената на брендирањето можеше да се забележи со промената на името и иконата на Microsoft 365 апликацијата која е достапна на Windows, како и на мобилните. 

Истата сега е наречена Microsoft 365 Copilot, а не толку старото лого е променето со логото на Copilot врз кое стои и M365 ознаката. 

Што се однесува до самите апликации, тие во главно немаат некои промени, односно во оваа фаза се работи само за повторно ребрендирање. 

Microsoft уште од излегувањето на ChatGPT започна со интеграција на генеративната вештачка интелигенција во сите нивни производи, процес кој продолжува до денес. 

Не може да се каже дека од компанијата успеаја тоа да го направат баш најдобро, па можевме да видиме доста чести промени, како и типичните за Microsoft наметнувања на одредени функции и новини. 

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 2Windows Latests
Претходна статијаИстражување за штетни хемикалии во ремчињата на паметните часовници доведе до тужба против Apple
Следна статијаКорисниците на YouTube Premium добија пет нови експериментални функции кои можат да ги пробаат
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.