Microsoft подготвува нова верзија од Microsoft Teams која е целосно преработена од почеток со користење на друг програмски јазик. Оваа нова верзија треба да троши значително помалку од ресурсите на компјутерот, а тоа посебно би дошло до израз кај лаптоп компјутерите.

Оваа информација доаѓа од извори на The Verge, што значи дека се’ уште не е официјално најавена од страна на Microsoft. Новата верзија моментално се тестира во рамки на компанијата и наводно е наречена Microsoft Teams 2.0 или 2.1.

Официјализирањето на новата верзија од Teams би требало да се случи од идниот месец кога ќе им стане достапна на корисниците во тест форма која би можела да се вклучува и исклучува.

Можеби е доста популарна, но Microsoft Teams апликацијата не може да се каже дека функционира баш најдобро. Истата е доста бавна, а и троши повеќе ресурси од компјутерот.

Според информациите, новата верзија треба да троши 50% помалку RAM, да троши помалку од процесорот, а со тоа и доста помалку од батеријата на лаптопите.

Новата верзија од Teams до некаде е пуштена како вградена во Windows 11, но потребно било повеќе време да се вградат сите функции од бизнис верзијата, поради што и толку време се чека.

Оваа верзија наводно веќе не го користи Electron и ќе се префрли на React. Подобрувањето на перформансите кое го имаме видено кај други апликации од Microsoft со вакво префрлување се доста големи, па истото го очекуваме и кај Teams.

Microsoft Teams на почетокот од месецот доби и посебна претплата, Microsoft Teams Premium, која овозможува додатни функции за корисниците кои им се потребни, а исто така доаѓа со интеграција на алатките од OpenAI, односно со вештачка интелигенција.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаGoogle Chrome почна да ги добива двете алатки кои треба да ја намалат потрошувачката на енергија на овој прелистувач
Следна статијаAndroid 14 ќе донесе подобрување на функционирањето на продавниците за апликации од трети страни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.