Microsoft не успеа да се пробие на пазарот на мобилни телефони со нивниот Windows Mobile, чија поддршка заврши во 2019 година. Една од главните причини за овој неуспех се смета недостатокот на апликации за овие инаку одлични телефони, а посебно по купувањето на Nokia од страна на Microsoft.

Од тогаш Microsoft ја промени својата стратегија за мобилните, па наместо да им конкурира на Google и Apple со посебен оперативен систем, тие решија да ги имаат едни од најдобрите апликации на пазарот. Во денешно време тоа е точно, апликациите од Microsoft се едни од најмногу користените во своите категории, а како пример може да се земат одличните Microsoft 365 (Office) апликации.

Успехот на овој начин изгледа е до некаде инспирација за планот кој го имаат од компанијата за во иднина, кој го истакна директорот на Microsoft Gaming, Фил Спенсер за The Times.

Спенсер открива дека од компанијата планираат да претстават своја продавница за апликации, нешто што е сега полесно возможно со унапредувањето на нивното функционирање на Android и најавите дека и Apple ќе мора да ги дозволи наскоро.

За почеток мобилната продавница од Microsoft би била достапна за понуда на мобилни игри, поради што најавата доаѓа од Спенсер. За во иднина не се исклучува можноста да преку продавницата бидат достапни и друг вид на апликации.

Една ваква продавница за апликации од Microsoft може да се замисли дека би успеала. Мобилните игри кои тие би можеле да ги понудат во одредени ситуации може да бидат ексклузивни, нешто што би направило голема разлика за привлекување на корисниците.

Како и да е, Microsoft е голем играч на пазарот на игри, нешто што во денешно време многу често се прави преку мобилните.

Претставувањето на продавницата за апликации сепак не е завршена работа, па не треба да се очекува наскоро. Може да поминат и години додека го видиме официјалното претставување.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаWomen in Tech Macedonia организира инспиративни панели со најуспешните жени во ИТ
Следна статијаАжурирањето на апликацијата SmartThings на сериите часовници Galaxy Watch5 и Watch4 нуди попаметна контрола на домот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.