Microsoft преку Medium платформата ги претстави новите икони за нивниот Office пакет на апликации и сервиси, но овој стил ќе се користи и за останатите и поврзани апликации. Истите ќе станат достапни на сите платформи каде се достапни апликациите, како и на веб, во месеците што следат.

Новите икони дефинитивно може да се каже дека изгледаат многу подобро од досегашните. Истите имаат нешто посветли бои, а променет е начинот на којшто се поставени буквата од апликацијата и иконата која треба да асоцира за која апликација се работи.

За разлика од досегашниот дизајн на иконите, сега делот којшто покажува за која апликација се работи е поголем и повеќе истакнат. Па така, доколку ја гледате иконата од Excel, повеќе забележлив ќе биде делот којшто асоцира на табелите од оваа апликација.

Инаку, последниот редизајн на иконите на Office апликациите беше пред 5 години, што иако не делува како толку одамна, сепак дизајн стилот и трендот не е малку променет. Овие нови икони може слободно да се каже дека целосно се направени во модерен стил и го претставуваат развојот на сервисот.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаРСБСП: Има ли крај на сообраќајниот метеж во градот? Како можеме сами да си помогнеме?
Следна статијаMicrosoft победи на тендер од Министерството за одбрана на САД вреден 480 милиони долари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.