Фото: Shutterstock.com

Microsoft Teams доста брзо се проби на пазарот. Очекувано, тоа во голем дел се должи на ресурсите кои ги вложи компанијата во овој сервис, но исто така и поради достапноста на апликацијата без дополнителна претплата како дел од Microsoft 365 пакетот.

Ова е јасно зошто не им се допаѓа на конкурентите кои наеднаш добија доста силен конкурент кој за огромен број на корисници не чини ништо, додека нивните сервиси мора да се платат.

Според информации од Financial Times, Microsoft можно е да престане да ја вклучува Teams апликацијата бесплатно како дел од Microsoft 365 пакетот, па истата да може да се користи посебно или со дополнителна претплата.

Деталите околу можното одвојување на Microsoft Teams од бизнис пакетот се’ уште не се целосно одлучени, па доколку навистина дојде до тоа, може да претставува доста голема промена за компаниите.

Оваа одлука од страна на Microsoft се договара со Европската Унија која сака да започне со антимонополска истрага, нешто кое го бараат и конкурентите како Slack. Дали ќе дојде до некаков договор и што ќе се случува, ќе мора да видиме кога работите ќе станат официјални.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаGoogle Authenticator доби можност за синхронизација со Google сметката на корисникот
Следна статијаВерификацијата на профилите на Tinder сега ќе се прави преку видео
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.