Microsoft Defender е апликација која Microsoft ја претстави минатото лето за приватните корисници. Не е веднаш и лесно јасно која е намената на оваа апликација, а посебно што Windows веќе доаѓа со интегриран систем за заштита, сега наречен Windows Security во кого е вграден и Microsoft Defender.

Оваа нова апликација е достапна на скоро сите платформи, па покрај на Windows, ја има и на macOS, iOS и Android. На сите платформи нуди некаков вид на заштита од малициозен софтвер, додека на iOS може да се користи само за скенирање.

Една од главните функции на оваа апликација е можноста за следење на статусот на сите уреди кои ги има корисникот, а во денешно време тоа лесно може да се каже дека најчесто се работи за барем три уреди.

Корисниците изгледа не се баш многу заинтересирани за оваа апликација, нас не не’ ни чуди тоа, па Microsoft како и многу често во минатото, се реши да ја инсталира апликацијата автоматски.

Автоматското инсталирање ќе се прави преку Microsoft 365 апликациите, односно Office до пред некое време. Кога корисниците за првпат ќе ги инсталираат апликациите од овој пакет, како и кога ќе има некоја надградба, вклучена ќе биде и Microsoft Defender апликацијата.

Засега ова изгледа ќе биде случајот само на Windows, па корисниците на другите платформи нема да бидат вклучени во оваа практика.

Доброто е што оваа апликација на Windows не троши нешто посебно ресурси, а и не прави некаква посебна разлика доколку корисниците не сакаат да ја користат, но непотребно ќе биде додадена на листата на апликации кои корисниците не ги симнуваат самите.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаOnePlus 11 Concept доаѓа со систем на течно ладење кој се гледа на задната страна од уредот
Следна статијаMeta работи на интеграција на вештачка интелигенција кај нивните друштвени мрежи и апликации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.