Microsoft најави дека нивната WordPad апликација, која доаѓа со секоја верзија од Windows уште од 1995 година, веќе нема да биде ажурирана и ќе биде тргната од идните верзии на Windows.

Од компанијата им препорачуваат на корисниците да го користат Word за нивните потреби за работа со документи со текст, а за обичен текст можат да ја користат Notepad апликацијата, која доби и мал редизајн и нови функции изминатите години.

WordPad за првпат беше пуштена со Windows 95 и од тогаш доаѓа со секоја верзија од Windows. Оваа апликација може да се каже дека е бесплатна и доста полесна замена за Word апликацијата која отсекогаш била дел од Office пакетот кој не е бесплатен.

Корисниците кои немаат потреба од повеќе функции обично ја користеа оваа апликација за отворање на документи, како и за пишување на краток текст.

Сепак, не сум сигурен дека воопшто некој знае дека оваа апликација се’ уште постои изминатите години, а истата последен пат беше ажурирана со Windows 8. Истата ја доби познатата лента на горната страна од Office апликациите, па дури неколку пати беше прилагоден изгледот да биде во тек со времето.

Корисниците веќе одамна ја имаат бесплатната верзија од Word која е достапна преку веб прелистувач, па доколку сакаат да продолжат да користат бесплатно решение од Microsoft, тоа е нивниот најдобар избор.

Тргањето на WordPad не е точно кажано кога ќе се случи, но верувам дека ќе биде оваа година со пуштањето на есенската надградба на Windows 11.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаApple мораат да го користат USB-C приклучокот кај iPhone, но промената ќе ја претстават како голема победа за корисниците
Следна статијаБронзен медал за Македонија на Интернационалната Олимпијада по Информатика во Сегедин, Унгарија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.