Минатата недела Microsoft објави дека после 30 години ќе почне со замена на Office брендот и ќе почне да го користи Microsoft 365 на неговото место. Ваквата промена започна пред две години кога Office 365 сервисот почна да биде нарекуван Microsoft 365.

Од компанијата најавија дека новата Microsoft 365 апликација може да се очекува веќе од идниот месец на Office.com страната, а останатите верзии ќе бидат променети до почетокот на идната година.

Microsoft не планира само да ја ребрендира апликацијата, па покрај новото име, логото и дизајнот, корисниците може да очекуваат и неколку нови функции.

Оваа апликација, која веќе претставува еден вид на „мост“ помеѓу Word, Excel и другите апликации од пакетот, како и започнатите документи, сега ќе стане многу повеќе корисна и ќе служи како одлично централно место за сите работи поврзани со работата со документи од страна на корисниците.

На главната страна корисниците ќе можат да ја видат целата нивна работа, односно нивните започнати документи, закажаните состаноци на Teams, документите на кои работат со други корисници и слично.

Сето ова ќе биде прикажано на изменет начин кој е повеќе прегледен и корисен, а доста голема новина е што во апликацијата ќе бидат прикажувани и документи од други апликации, како што се тие од Adobe на пример.

Документите ќе може да се гледаат според повеќе филтри, како скоро отворени, споделени, омилени, според луѓе и состаноци, дали се во облакот и слично.

Новините кај Microsoft 365 апликацијата Microsoft ги прикажа во видео кое можете да го погледнете во продолжение.

Претходна статијаСкопската Зоолошка градина доби нова Халки училница на отворено
Следна статијаНеофицијално објавени карактеристиките на основниот Galaxy S23 модел
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.