Microsoft официјално ја претстави апликацијата Windows App која на корисниците треба да им стане достапна од оваа есен. Истата ќе биде достапна за симнување, а за дел ќе стане достапна како надградба на Remote Desktop апликацијата.
Windows App може да се каже дека е ребрендирана Remote Desktop апликација која сега е унифицирана за сите платформи каде што е достапна, односно на Windows, macOS, iOS, а во иднина и на Android.
Во случајот на Windows и апликацијата Windows 365 ќе стане дел од новата Windows App апликација, од каде доаѓаат и повеќето функции собрани во една апликација.
Корисниците во основа ќе можат да ја користат Windows App за пристап до нивните компјутери од оддалечена локација, односно „remote“. Истото можат да го направат за нивните компјутери, но и за виртуелните компјутери од Windows 365 понудата.
Повеќето функции како можност за дво-факторска афтентикација, поддршка за повеќе монитори и слично ќе им бидат достапни на Windows и macOS корисниците, но дел од функциите нема да бидат достапни преку iOS и веб, очекувано.