Shutterstock.com

Поминаа повеќе од 5 години од претставувањето на дигиталниот асистент на Microsoft, Cortana, но најверојатно поради неуспехот на Windows Phone, асистентот не успеа да им конкурира на Siri и Google Assistant, па и Alexa од Amazon.

Оваа ситуација не значи дека вештачката интелигенција од Microsoft не функционира добро, па едноставно значи дека никогаш не доби доволно корисници кои имаа друга алтернатива која доаѓа на нивните платформи.

Иако Microsoft ќе продолжи да ја развива Cortana, односно системот на којшто работи, сепак апликацијата за Android и iOS веќе нема да биде развивана и ќе престане да им биде достапна на корисниците од јануари идната година.

Единствената верзија која ќе остане е за корисниците во САД, но сепак се верува дека со тек на време и таа ќе биде тргната.

Cortana ќе продолжи да функционира и на Windows 10, а главната новина е што дигиталниот асистент ќе почне да станува дел од сервисите на Microsoft. Тоа значи дека Cortana ќе биде тука да помогне во мобилната апликација на Outlook, на пример, а ваквите примери само ќе стануваат почести како што се трга поддршката за посебната Cortana апликација.

ИЗВОРPCMag
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаСамо еден бит до дигитализација – нова иновативна Телеком продавница
Следна статијаОбјавени првите неофицијални рендери од Galaxy S11 кои ги покажуваат камерите на телефонот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.