Можноста да се поврзете на вашиот компјутер преку мобилниот или таблет е доста корисна во одредени ситуации. Дали се работи за едноставно контролирање на видеото што го гледате на вашиот телевизор или за пристапување до одредени документи што имате заборавено да ги ставите во „облакот“ и слични ситуации, овие апликации навистина знаат да ви ја скратат работата. Има повеќе популарни Remote Desktop апликации, но ова е прва ваква од Microsoft.

Со оваа апликација ќе може да се поврзете на вашиот Windows компјутер, вклучувајќи ја и најновата верзија 8.1. Поддржани се сите Windows 8 гестови, па со користењето преку таблет, ќе може да добиете претстава како би изгледало користењето на Windows 8 таблет.

За разлика од другите вакви апликации, за кои инсталирате мала програма на вашиот компјутер, па потоа со најавување со вашето корисничко име, автоматски се пронаоѓаат вашите компјутери во мрежата, со Microsoft Remote Desktop треба сами да ги внесете информациите како: IP адреса или име на компјутерот, корисничко име и лозинка на компјутерот и слично.

Листа на официјални функции на Microsoft Remote Desktop:

  • Пристап до оддалечени ресурси преку ваш портал за Remote Desktop
  • Богато multi-touch искуство со Remote Desktop Protocol (RDP) како и RemoteFX кој поддржува Windows гестови
  • Сигурна конекција преку Network Layer Authentication (NLA) технологија
  • Едноставно менаџирање на сите конекции преку центарот за конекции
  • Стримување на видео и аудио во висока резолуција
Претходна статијаUbuntu 13.10 достапен за симнување и надградба
Следна статијаCryptoLocker – вирус кој бара откуп за вашите податоци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.