Microsoft се сериозно влезени во целта да вештачката интелигенција ја направат дел од сите нивни производи. За некои тоа е логично и навистина корисно, додека за други може и да кажеме дека малку претеруваат.

Како и да е, без разлика на ставовите и очекувањата, најнов производ од компанијата која ќе добие интеграција со новиот Bing, односно неговата вештачката интелигенција, јазични модели и слично, е SwiftKey.

Засега новата функција е дел од beta верзијата од SwiftKey на Android, без точна најава кога може да се очекува да им биде пуштена на сите корисници.

Bing на SwiftKey функционира нешто слично како на Edge. Достапно е копче со логото од Bing, па по неговото притискање корисниците добиваат пристап до можноста за пребарување, за разговор и за креирање на содржина.

Во апликација какви што се тастатурите, најверојатно можноста за креирање на содржина ќе се погоди како најкорисна. Корисниците можат да изберат каков текст би сакале да им биде креиран, па достапни се можностите како друштвена објава, професионален, обичен и културен.

Оваа можност може да се погоди одлична за објава на друштвените мрежи или во разговор, а посебно за тие кои не се баш „способни“ на овој план.

Нема информации за тоа дели и кога Bing ќе стане дел од SwiftKey на iOS, а посебно откако прво беше откажан развојот на апликацијата за оваа платформа, па потоа повторно вратен назад. Од компанијата ветија многу поголем ангажман за iOS, а корисниците треба да ги очекуваат повеќето функции кои се достапни на Android.

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаВработени во Tesla си споделувале слики од камерите на автомобилите од клиентите
Следна статијаОваа година ќе започне продукцијата на шведска мини серија за The Pirate Bay
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.