Windows никогаш не бил првиот избор од страна на програмерите, а Microsoft изминатите години се обидува да го промени тоа. На Build 2023 од компанијата презентираа нова апликација која може да направи доста во овој правец.

Апликацијата е наречена Dev Home и е замислена да биде како еден контролен центар за се поврзано со работата на програмерите.

Корисниците преку Dev Home ќе можат да ги инсталираат сите потребни апликации, да ги постават сите потребни околини, да се поврзат со GitHub и повеќе. Сето ова функционира со помош на WinGet алатката која веќе е достапна за корисниците.

Покрај ова, програмерите ќе можат да ја користат апликацијата и како централизирано место за следење на проектите, за следење на системските ресурси како процесор, меморија и слично.

Посебно интересна е Dev Drive функцијата. Се работи за креирање на посебен простор за податоци, односно посебен „drive“ на компјутерот кој на програмерите ќе им овозможи поголема безбедност и брзина на работа со датотеките.

Dev Drive функционира со нов систем за датотеки наречен Resilient File System (ReFS), а тука е и посебен режим на работа на Microsoft Defender кој овозможува 30% подобри системски перформанси.

Програмерите кои сакаат да дознаат повеќе за Dev Home, деталите можат да ги најдат тука.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаMicrosoft го интегрира Bing Chat во Windows 11 како асистент кој ќе може да помогне со сите активности на корисникот
Следна статијаChatGPT ќе почне да функционира со Bing Search
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.