По откривање на пропуст кај Pixel уредите и нивната алатка за слики од екранот, од истите програмери беше откриен пропуст и кај Snipping Tool апликацијата која е достапна кај Windows 11 и Windows 10.

Овој пропуст овозможува да слики кои се изменуваат со Snipping Tool, односно се сечат, па потоа се зачувуваат во истата датотека, ги зачувуваат оригиналните информации кои потоа може да бидат откриени.

Ова секако не е нешто што корисниците би сакале да може да се случи, посебно што многу често исечениот дел од сликата е исечен затоа што содржи важни и лични информации.

Ризикот сепак не е толку голем, а корисниците треба да ја користат оваа апликација за сечење на веќе зачуваните слики, нешто што доста ретко се прави. Зачуваните слики обично се изменуваат со други апликации, како Photoshop на пример или вградената Photos апликација во Windows.

Како и да е, Microsoft го исправи пропустот, па најновата верзија од Snipping Tool веќе не ја прави истата грешка со сликите. Ажурирањето на апликацијата се прави преку Microsoft Store, што значи дека со едноставна проверка за нови верзии од апликациите, треба да се ажурира и Snipping Tool.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаЕлон Маск, Стив Возниjак и група истражувачи повикуваат да се стави пауза во тренирањето на системите со вештачка интелигенција
Следна статијаЗапочнуваат проекти за справување со аерозагадувањето и унапредување на капацитетите на општините
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.