Microsoft објави листа на најдобрите апликации кои се достапни во нивната продавница за апликации на Windows. Апликациите кои се прогласени како најдобри се прогласени врз основа на гласање од страна на Windows заедницата, како и апликации избрани од страна на компанијата, односно Editor’s Choice Awards.

Гласањето за апликациите започна на почетокот од овој месец, па еве и кои се апликациите кои корисниците на Windows ги сметаат како најдобри.

Во категоријата Алатки, како најдобри се прогласени апликациите ShareX и Speedtest by Ookla. Во категоријата Датотеки се прогласени апликациите Files и Rufus и во категоријата Отворена платформа апликациите Auto Dark Mode, EarTrumpet и ModernFlyouts.

Како дел од Editor’s Choice апликациите, прогласени се следните:

  • Забава – Видео: Disnesy+
  • Забава – Ааудио и музика: Spotify
  • Креативност – Графика и 3Д: Canva
  • Креативност – Аудио и видео: Wondershare Filmora
  • Продуктивност: LiquidText
  • Друштвени: Discord

Сите апликациите кои се дел од овој избор, можете да ги погледнете на следниот линк.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаЕвропската инвестициска банка отвора претставништво во Македонија
Следна статијаНепретставен смартфон од Google повторно достапен од непознати лица
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.