outlook-android-tablet

Flow by Outlook е апликацијата која што е случајно откриена и објавена од страна на Twitter корисникот WalkingCat. Се разбира истата не може да биде симната, па се што имаме е нејзиниот опис кој што открива доволно за да можеме да претпоставуваме.

Инаку, апликацијата како што кажува самото име е направена да биде како еден вид додаток на Outlook, а сигурно е и развивана од страна на истиот тим. Тоа значи дека апликацијата во основа е email апликација, меѓутоа како што покажува описот, наменета за брза и едноставна комуникација помеѓу луѓето.

Слободно може да се каже дека Flow треба да биде еден вид на апликација за пораки која што наместо телефонски броеви или друг вид на идентификација, ги користи email адресите, како и email протоколот за комуникација.

Едноставноста, односно брзината на комуникацијата треба да биде овозможена преку тргање на насловот на пораката, потписите и да се сведе на самата комуникација. Разговорите кои што се прават преку Flow, треба да бидат достапни и во Outlook. Меѓутоа, во Flow нема да бидат прикажувани класичните email пораки, туку само разговорите започнати со апликацијата.

Во описот исто така стои дека апликацијата треба да биде достапна за iOS, што не е првпат Microsoft да претстави нова апликација прво на оваа конкурентна платформа.

Можеби ќе се запрашате зошто некој би сакал да користи уште една апликација за пораки, посебно таква која што во основа е email апликација. Она што јас можам од моето искуство да го кажам е дека оваа апликација најверојатно ќе биде наменета во главно за деловните корисници. Во компаниите email пораките често се користат за кратка комуникација, па Flow може да ја официјализира и олесни таа активност.

Како и да е, ќе почекаме да видиме кога Microsoft официјално ќе ја претстави апликацијата и дали ќе биде каква што ја опишавме.

Од порталот Neowin излегоа со неофицијални слики кои што се добиени од нивни извори во компанијата. Во продолжение можете да видите како би изгледала оваа апликација.

flow-screens

Извор: Cnet, Engadget, Neowin

Претходна статијаСликите променети со филтри привлекуваат поголемо внимание
Следна статијаВидео повиците на Facebook Messenger достапни за сите земји
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.