Google Chrome останува прелистувачот број 1 во светот, без знаци дека некој може и да му се приближи во догледно време. Тоа значи дека конкуренцијата се натпреварува помеѓу себе за второто, третото и четвртото место, а тука работите се менуваат изминатите години.

Mozilla Firefox веќе неколку години ја губи популарноста кај корисниците, па овој прелистувач моментално го држи четвртото место во светот на десктоп со 9,18% од пазарот.

Microsoft Edge, кој сега е направен на основа на Chromium кодот и вреди да се користи, го држи третото место во светот на десктоп со 9,54% пазарен удел, а ако работите продолжат вака, овој прелистувач ќе го помине Apple Safari кои сега се на второто место со пазарен удел од 9,84%.

Chrome првото место на десктоп го држи со пазарен удел од 65,38%, а на мобилен овој процент изнесува 62,06%.

Кога е во прашање мобилниот пазарен удел, тука Microsoft Edge на стои баш најдобро, па второто и сигурно место го има Safari со пазарен удел од 26,71%, а третото место го има Samsung Internet со удел од 5,26%.

Може да се види дека покрај тоа што Microsoft Edge не стои добри кај мобилните, исто така и Mozilla Firefox се покажува лошо.

Во Македонија бројките се поразлични од вкупните светски, па Chrome го држи убедливо првото место со пазарен удел од 78,9%, второто место го има Mozilla Firefox со 9,64%, што значи во нашата земја Firefox доста подобро стои, а третото место го има Opera со 4,43% пазарен удел. Microsoft Edge во нашата земја е на четврто место со удел од 4,41%.

Кај мобилните во Македонија, првото место повторно го има Google Chrome со пазарен удел од 73,53%, а второто место го има Safari со удел од 20,16%, а третото место со 5,05% го држи Samsung Internet.

Информациите доаѓаат од Stat Counter и можете да ги погледнете на овој линк.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаCar Thing од Spotify го донесува овој музички сервис во автомобилите
Следна статијаА1 Nova – прво 5G тарифно портфолио
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.