Microsoft

Google минатата недела објави дека го забрзува темпото на пуштање на нова верзија од Google Chrome од шест на секои четири недели. Од компанијата истакнаа дека процесот на тестирање и надградба е доволно усовршен, па тие сега можат почесто да пуштаат новини за корисниците.

Исклучок од оваа новина може да бидат бизнис корисниците кои ќе можат да изберат добивање на нова верзија на секои осум недели, додека безбедносните надградби ќе им бидат пуштани на секои две недели.

По оваа објава на Google, се постави прашањето дали и другите прелистувачи кои се направени на основа на Chromium кодот ќе ја следат оваа промена.

Microsoft излезе со информација дека тие ќе ја следат промената, па Microsoft Edge ќе добива нова верзија на секои четири недели, додека заинтересираните бизнис корисници ќе можат да се префрлат на Extended Stable верзијата која ќе добива нови верзии на секои осум недели. Исто како во случајот со Chrome, на секои две недели корисниците на Extended Stable верзијата ќе добиваат безбедносни надградби.

„Како соработници во Chromium проектот, со нетрпение гледаме на новиот четири неделен циклус на пуштање на нова верзија која Google ја најави, со цел да помогнеме да ја донесеме иновацијата побрзо кај нашите корисници.“ – истакнаа од Microsoft.

Покрај Microsoft Edge, новото темпо ќе го следи и Brave прелистувачот кој е уште еден доста популарен Chromium прелистувач.  

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаSpaceX го направи деветтото лансирање и слетување со истата Falcon 9 ракета
Следна статијаGoogle Messages автоматски ќе ги брише пораките со код од дво-факторска автентикација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.