Microsoft, кои обично воведуваат доста новини кај нивната Teams апликација за бизнисите, овој пат направија нешто и за приватните корисници, односно корисниците на бесплатната верзија од сервисот.

Microsoft Teams добива можност за креирање на заедници (communities), а исто како што е случајот и кај другите платформи или најново кај WhatsApp, нивната замисла е организирање на куќните совети, настани, родителски средби, спортски здруженија и слично.

Во основа, заедниците овозможуваат нешто повеќе функции од групните пораки и се замислени точно за организирање на групи на луѓе кои не секогаш сите се познаваат.

Некои од функциите кои се достапни вклучуваат испраќање на пораки до сите членови на заедницата, организирање на настани и нивно додавање и следење во заеднички календар, споделување на документи и слично.

Организаторите на заедниците ќе имаат можност за додавање и бришење на корисници, а ќе можат да организираат настани кои се во живо, онлајн или хибридни.

За почеток заедниците се достапни на мобилната апликација од Microsoft Teams и може да се видат предлог заедници во „Home“ делот од апликацијата. Корисниците можат да креираат заедници целосно од почеток, односно не мора да ги изберат некои од предложените.

Microsoft веќе има договорено соработки во САД со неколку организации како Американската Младинска Фудбалска Организација, па се гледа дека сакаат корисниците да го изберат Teams наместо конкурентните кои се доста повеќе популарни кај приватните корисници.

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаApple додава „од-крај-до-крај“ шифрирање на сите податоци во нивниот iCloud
Следна статијаА1 Business Pro тарифи, најнова атрактивна понуда за деловните корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.