Shutterstock.com

Откако беше забележано дека кај одредени корисници се појавува можноста за чување на лозинки на Microsoft Authenticator апликацијата, сега оваа нова функција е и официјално најавена од компанијата.

За разлика од претходната претпоставка, синхронизацијата покрај од Microsoft Edge, ќе може да се прави и со Google Chrome преку посебен додаток, Microsoft Autofill. Тоа значи дека корисниците кои своите лозинки ги чуваат на Microsoft Edge, сега ќе може да ги внесуваат и во Chrome, како и во било која апликација на Android и iOS.

Новината е во бета фаза, но треба да им стане достапна на сите корисници на Microsoft Authenticator во периодот што следи.

Сепак, за разлика од апликациите за чување на лозинки, ова е повеќе додавање на функционалност на веќе постојната за други намени апликација од Microsoft, па истата ги нема некои од останатите корисни функции како на пример, чување на платежни картички и други информации кои не се лозинки.

Повторно би истакнале дека иако оваа нова можност не ја става на исто ниво Microsoft Authenticator со другите апликации за лозинки, сепак е одлична за корисниците кои веќе ги чуваат лозинките во Microsoft Edge, а и тие кои бараат едноставен начин да почнат некаде да ги чуваат, наместо да ги памтат. Со тек на време може и ќе видиме повеќе опции кои ќе ја подобрат апликацијата.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаРуската вакцина за COVID-19, Sputnik V има ефикасност од 91,4% според официјалните резултати
Следна статија5 книги кои Бил Гејтс ги препорачува за оваа „неубава“ година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.