Новиот „заклучен екран“ кај iOS 16 донесе досега најмногу можности за прилагодување кај iPhone, нешто што веднаш беше споредено со Android. Поновата верзија од системот, iOS 16.1 ја донесе и претходно најавената Live Activities функција која на долниот дел од заклучениот екран прикажува спортски резултати во живо, статусот на Uber возилото, на пример и слично. Овие информации се прикажуваат и на Dynamic Island кај iPhone 14 Pro телефоните.

Овие новини овозможија појава на нови апликации во App Store, кои во главно додаваат корисни „виџети“ на заклучениот екран, една од главните новини за iPhone корисниците со iOS 16, но има и апликации кои овозможуваат нешто повеќе.

Една таква апликација која доби на популарност изминатите месец дена е Lock Launcher, која оди чекор подалеку од другите и овозможува прилагодувања кои може да направат корисниците да помислат дека имаат Android телефон.

Lock Launcher, покрај достапноста на повеќе виџети кои може да се постават на екранот, го искористува делот наменет за Live Activities. На овој дел, кој е на долниот дел од екранот, може да се постават кратенки до апликации, веб страни, Shortcuts активности и слично.

Се што треба корисниците да направат е да го активираат Live Activities делот во апликацијата и да ги прилагодат своите омилени апликации, односно други кратенки.

Апликацијата е достапна во App Store на следниот линк.

Претходна статијаМакедонецот купува онлајн еднаш до два пати во 3 месеци, прави нарачки најчесто до 50 евра, а најмногу нарачува од домашни е-трговци
Следна статијаИТ е најперспективна индустрија за Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.