Lite Mode е името на функција во Google Chrome на Android која на десктоп беше достапна како посебен додаток со името Data Saver. Како што кажува самото име, оваа функција овозможува побрзо отворање на веб страните, преку намалување на нивната големина, а во главно беше наменета за земјите каде интернет пристапот не е баш добар.

При вклучување на Lite Mode, сите веб страни се отвораат преку серверите на Google, каде тие ги прават потребните прилагодувања со цел да се добие помала веб страна, а со тоа да се заштеди на интернет лимитот, како и брзината на отворање.

Не е познато дали доволно корисници воопшто ја имаат користено оваа функција, а изминатите години со зголемувањето на свесноста за приватноста на корисниците, вакви функции и не се баш популарни.

Google од верзијата 100 на Chrome на Android, која треба да стане достапна од крајот на идниот месец, ќе ја тргне целосно Lite Mode функцијата. Корисниците кои сепак ја имаат користено веќе нема да може да ја користат.

Од Google истакнуваат дека самиот прелистувач овозможува брзо отворање на веб страните и без една ваква функција, а тука голема улога покрај технологијата зад Chrome, игра улога и напредокот во интернет пристапот во светот.

Корисниците дополнително можат да се префрлат на алтернативни интернет прелистувачи кои овозможуваат блокирање на „тракерите“ и рекламите, нешто што значително влијае во намалувањето на големината на веб страните и брзината на нивното отворање.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаМладите и талентирани ѕвезди од ДАЈТЕ МУЗИКА со најзабавен концерт на планетата во Ист Гејт Мол
Следна статијаFacebook Reels пуштени за сите корисници на Android и iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.