Неодамна дознавме за веста дека руската агенција за комуникации (Roskomnadzor) им нареди на руските интернет провајдери да ја забранат употребата на Телеграм. Телеграм е апликација за разговори налик Вибер и Вацап, со тоа што е далеку побезбедна од нејзините популарни конкуренти.

Иако ударот врз Телеграм претставува удар врз приватноста на интернет корисниците и е потег што може да се рашири низ другите европски земји, постојат и други апликации кои се фокусирани на приватност.

EFF (Electronic Frontier Foundation) имаат развиено критериуми по кои може да се оцени квалитетот на безбедноста на повеќето чет апликации. Ако имате двоумица, можете да се упатите на овој линк за да се осигурате дека разговорите ви се навистина приватни.

Подолу се апликациите кои што јас сум ги користел и кои мислам дека се меѓу подобрите од овој аспект. Постојат многу повеќе од тие наведени подолу, но не сите се еднакви во безбедноста што ја нудат.

Сигнал (бесплатна)

Сигнал е креирана од Open Whisper Systems, и е достапна за Андроид и iOS. Оваа апликација е една од ретките чиј код е open source. Сигнал ги има сите вообичаени функции како и сите други чет апликации (може да се подеси и како дифолт СМС апликација).

Ја користам на дневна основа, и е прилично безбедна. Најважно од се, функционира одлично во секој поглед. Брза, сигурна, и безбедна. Се што треба да биде една чет апликација.

Wickr (бесплатна)

Wickr е апликација скроена за оние кои се за степен повеќе „параноични“. Wickr располага со анонимизирана комуникација, енкрипција по воени размери (во нивни зборови), и ред други функции кои недостасуваат кај другите апликации.

На оваа апликација по дифолт не можете да правите скриншотс, а дозволува и логирање со лозинка. Единствениот негативен аспект е тоа што кодот им е затворен, нешто што е наведено и од EFF како drawback.

Silent Phone (бесплатна)

За разлика од другите апликации, Silent Phone е насочена повеќе кон деловните корисници. Сепак, апликацијата е прилично корисна за секого, и овозможува безбедни телефонски разговори. Моментално не постои варијанта која дозволува чет, туку исклучиво енкриптирани телефонски разговори.

Претходна статијаOneNote за Windows 10 ќе остане главната верзија на оваа апликација
Следна статијаХалкидики Авантура – тридневна забава за сите љубители на електронска музика