Фото: Shutterstock.com

Во јуни оваа година американските власти започнаа со казни против повеќе директори од Kaspersky, а компанијата заедно со некоклу поврзани лаборатории и компании, ја додадоа на листа на „ентитети“ кои ја загрозуваат националната безбедност на САД. 

Стандардно за ваквите одлуки, како што видовме во неколку ситуации со Кина, американските компании веќе не смеат да соработуваат со Kaspersky, па логична беше најавата дека компанијата веќе нема да функционира во земјата. 

Во јуни исто така беше донесена и одлуката да се стави забрана на продажбата и софтверските ажурирања за Kaspersky производите почнувајќи од 29 септември. 

Тоа што привлече внимание овој месец е пријавата од повеќе корисници дека нивниот Kaspersky Antivirus бил автоматски заменет со UltraAV софтверот, без нивно знаење, барем така тврдат повеќето. 

Од Kaspersky сепак имаат испратено имејл пораки и известувања, но сепак останува интересно како корисниците по нивното вклучување на компјутерот забележале целосно различен софтвер автоматски инсталиран. 

UltraAV не може да се каже дека е во групата на најпознати и ценети безбедносни софтверски решенија, а компанијата која стои зад развојот е истата која ги развива и Hotspot Shield и слични. 

Од компанијата дури имаат и посебна страна каде се промовира промената за корисниците на Kaspersky. 

ИЗВОРBleeping Computer
Претходна статијаПрогласени се победниците на првиот ДатаТон: SingleTons креираа платформа за податоци за образование во само еден викенд
Следна статија„Макпетрол“ организира работилници против врсничко насилство наменети за родители
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.