Фото: Shutterstock.com

Со бета верзијата iOS 17.4 дојде и една промена за која досега не беше сигурно дали е грешка, односно дали се работи за „баг“ или нешто намерно. Можната грешка беше поврзана со функционирањето на веб апликациите, односно PWA, а истите веќе не функционираат за корисниците.

Од Apple ја потврдија оваа информација и излезе дека сепак не се работи за грешка, а тие намерно ја имаат исклучено можноста за инсталирање на веб апликации на iOS.

За причините за истото информираат во документацијата за програмерите, а кратко кажано, причината за оваа одлука се новите европски закони поради кои Apple се принудени да воведат неколку работи кои инаку никогаш не би ги вовеле.

Според Apple, PWA апликациите, кои првпат станаа достапни минатата година, функционираат на основа на WebKit технологијата од Safari. Со тоа што во ЕУ Apple мора да овозможи функционирање и на други веб технологии, тие сметаат дека корисниците веќе нема да ја имаат досегашната заштита.

Од компанијата истакнуваат дека со овие промени, без заштитата која доаѓа од нивната WebKit технологија, веб апликациите би можеле да пристапат до одредени информации од корисниците кои се заштитени, а прелистувачите би можеле да инсталираат вакви апликации без знаење на корисниците.

Колку од ова е вистинска грижа за корисниците, а колку е терање „инат“ за односот на ЕУ кон компаниите, останува на секој сам да заклучи. Сепак, мора да се истакне дека практиката на ЕУ да прави контрола на работата до овој степен, не е баш „препорачлива“.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаКако апаратите за домаќинство на Samsung го скратуваат времето за извршување на домашните обврски?
Следна статијаNothing го откри чипот кој ќе го користи кај Phone (2a)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.