Фото: Shutterstock.com

Со популарноста и пазарниот удел на iPad уредите, а и Apple брендот, скоро невозможно е да се замисли да одредена апликација не е достапна кај овие таблет компјутери, а посебно кога се работи за една од најпопуларните апликации како Instagram.

Корисниците на iPad можат да ја инсталираат Instagram апликацијата, но таа е верзијата која е прилагодена за iPhone, па на iPad се добива само дупло зголемена верзија од истата, сигурно не погодена за големите екрани.

Главниот на Instagram во рамки на Meta, Адам Мосери, одговори на коментар на Twitter од познатиот Маркез Браунли, дека годината е 2022, а уште нема соодветна Instagram апликација за iPad.

Според Мосери, ова барање го добиваат често, но групата на луѓе уште не е доволно голема за да биде приоритет. Се надеваат дека ќе стигнат да ја направат апликацијата во некоја точка во иднина, но сега тие се доста зафатени со други работи.

Бројките на продадени iPad уреди не одат баш во правец на ова тврдење на Мосери, но сепак тој ги има статистиките, можно е да корисниците на iPad поретко ги интересира Instagram, а посебно тие кои ги купуваат Про моделите.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаРедизајнираната веб верзија од Microsoft Store ги донесува сите достапни Windows апликации
Следна статијаInstagram ја откажува IGTV апликацијата додека Reels остануваат форматот број 1 на мрежата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.